Победникот на регионалното музичко шоу „Икс фактор“ Даниел Кајмаковски денеска беше пречекан во родното село од неколку илјади обожаветели, жители на Мислешево, Струга, но и од поблиските градови.
Повеќе од пет илјади негови обожаватели, речиси го окупираа централниот дел, носејќи разни пароли и натписи со неговиот лик, мечиња, шалови.
– Благодарност за овој дочек, ова е еден од најемотивните момент токму денеска. Имав повеќе трема да дојдам дома отколку на финалето на X фактор. Таму бев многу опуштен овде меѓу најблиските и најдобрите пријатели, меѓу своите луѓе е навистина нешто посебно, рече на прес конференција Даниел Кајмакоски.
Тој сограѓаните ги поздрави со песната „Мислешево, мое мило“, прогласена за химна на селото што самиот ја напишал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.