Барак Обама минатата недела беше во официјална посета на Саудиска Арабија. Со него, во таа земја, секако пристигнаа и голем број претставници на седмата сила.
Иако телохранителите на кралот Абдула прво не им дозволуваа пристап на новинарите, сепак подоцна им дозволиле да ги снимат првите 30 секунди од билатералниот состанок.
Некои новинари, и не претпоставувајќи дека Саудијците ретко имаат увид во животот на нивното кралско семејство, на „Твитер“ поставиле фотографии од кралската палата па Саудијците така дознале и дека палатата навистина е целата во злато, а и дека нивниот крал, инаку во 90-тите години од животот дише со помош на апарат со кислород.
И додека потезите на овие новинари кај дел од Саудијците предизвикале негодување, многумина посакаа уште фотографии за да добијат подетален увид во животот на кралското семејство, за кој многу малку знаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.