| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов во Виница: Австриска компанија ќе отвори трета фабрика во Македонија

Кога светот и Европа од 2008-та беа погодени од економската криза, економијата во Македонија растеше, а кога таа расте таа, се расте, растат и платите и пензиите, субвенциите и социјалната помош, но и стипедиите. Се расте, но само невработеноста опаѓа и од 2006 се отворени 120.000 работни места, истакна актуелниот и кандидат за претседател Ѓорге Иванов на денешниот митинг во Виница.

Тој истакна дека потребни биле многу реформи, закони и промени да се создадат услови за странски инвеститори, но и домашните инвеститори да отвораат нови работни места.

Иванов посочи и дека политиката не се мери по празни ветувања, туку по отворање на нови работни места и создавање услови младите да останат во Македонија.

– Се прават нови патишта, се создаваат услови за привлекување на нови и нови странки инвеститори. Австриската компанија Текспорт ќе ја отвори својата трета фабрика во Македонија во Виница. Тоа ќе значи 200 вработувања за виничани. Добиени се сите дозволи и изградбата ќе почне во јуни. И компанијата Макпрогрес продолжува со инвестициите и се очекува уште 80 луѓе од Виниа да се вработат, така успева Македонија, нагласи Иванов.

Актуелниот и кандидат за иден претседател истака дека не само екномијата, туку ги поддржува и спортистите кои тимски работат, пејачите кои ја претставуваат Македонија кај и да одат, но и младите научници.

Иванов посочи и дека токму затоа го поддржува натпреварот за млад начник, но и Школата за млади лидери, бидејќи како што рече потребно е да се создаваат лидери за иднината кои со ист интензитет ќе продолжат да ја градат Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top