Претседателот на СДСМ Зоран Заев денес на прес-конференција изјави дека него не може да му се верува. Ова негово шокантно признание дојде неочекувано среде кампањата за претседателските и пред почетокот на онаа за парламентарните избори кои ќе се одржат на 13-ти и 27-ми април соодветно.
На прес конференцијата на која Заев држеше трозабец во рака во чест на буквата Ш, суптилно обидувајќи се да се маскира во Шилегов (или Шеќеринска), соопшти дека не можел да живее со притисокот и одлучил дека е време да истапи во јавност со признание дека не може да му се верува.
– Тешко е, навистина е тешко. Кога ќе одам во маркето и ќе фанам шише јогурт не сум сигурен дали навистина сакам да го пијам тај јогурт или реално сакам некој друг. Истото ми се случуве и кога ќе одам во канцеларијата на Градоначалнико на Струмица и ќе видам натпис на вратата „Зоран Заев“. Не ми се веруве дека јас сум градоначалнико, бидејќи знам дека сум претседател на СДСМ. Одма го земам списоко со пратеници на СДСМ и гледам дека ме нема, па си велам „Зоки, ти си градоначалник на Струмица, не се улави“ и така ми почнува секој ден – изјави господинот Заев.
– Затоа сакам да додадам дека не е точно дека јас сум рекол дека ќе јадејме живи луѓе, ќе свиткаме кичма за името и дека ме аболицирал старио претседател господинот господин Бранко Црвенковски, прибидејќи на мене не може да ми се веруве – енергично заврши Заев дигајќи го трозабецот високо во воздух.
Според извештаите на новинарите претседателот на СДСМ останал во таа поза 7 минути, после што претставниците на седмата сила започнале да ја напуштаат салата. Неколку минути после заминувањето на последниот новинар, од прозорот на општинската сала во Струмица се појавил Заев кој започнал да им довикува на новинарите кои биле на заминување: „Луѓе, се зафркавах, биех шега, априлилили, АПРИЛИЛИЛИ!!!“.
Според информациите од терен, господинот Заев е сеуште на прозорот и со мегафон довикува „АПРИЛИЛИЛИ!“, а на секои 15-тина минути, чекајќи го враќањето на новинарите пред општината, се обидува да ги анимира случајните минувачи пеејќи ги рефрените на Гергана, Анелија и Емилија, „Верујем – Не верујем“ од Бајага и „Веруј у љубав“ од Оливер Драгоевиќ.
Нашите луѓе на терен ја следат ситуацијата, очекувајте повеќе информации во наредните денови.
Кромиди Запад
*** Целта на „Кромиди запад“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со правите луѓе и институции е случајна.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст