| четврток, 6 декември 2018 |

Серена со финале го прослави првото место на ВТА

Американката без оглед на резултатот од финалето против Азаренка в понеделник по трет пат (2002, 2009 година) се враќа на првото место на ВТА листата

Откако вчера ја елиминира Петра Квитова, Серена Вилијамс денеска за потврда и прослава на првото места на ВТА листата во Доха ја прегази и Марија Шарапова(6-3, 6-2). Тоа беше полуфинален меч во кој Американката дојде до 10. победа во 12. одиграни дуели со русинката.

Утре во завршницата на турнирот во Катар вреден 2. 369 илјади долари Серена ќе игра со минатогодишната победничка и првата светска тенисерка до утре Викторија Азаренка. Белорусинката денеска беше подобра од Агњешка Радванска (6-3, 6-3), но од понеделник ќе мора да и го предаде лидерството на светскиот женски тенис на Серена без оглед на резултатот од финалето ќе стане највозрасниот женски тениски број 1. Во досегашните 12 меча Азаренка доби само еден против помладата од сестрите Вилијамс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top