Владата спроведува програми за подигнување на приносот, пред сѐ преку обезбедување дополнителни субвенции од 3.000 денари за користење сертифициран семенски материјал. Но, како што нагласи Димовски, многу важни се и релациите со откупувачите и производителите на што се посветува огромно внимание.
– Минатата година имаше сериозни проблеми кои успешно ги надминавме токму во соработка со бизнис заедницата и со максимално разбирање на индивидуалните производители. Сакаме да ги исклучиме таквите критични ситуации. Веќе го подготвуваме акцискиот план во соработка со откупувачите и земјоделците за да обезбедиме услови за добар род и регуларен откуп – истакна министерот.
Истовремено, додаде, се води сметка за заштита на автохтоните сорти пченица како најотпорни на климатските промени кои го имаат зафатено подрачјето на земјава.
– Ние сме една од петте држави што се најизложени на последиците од климатските промени. Министерството во соработка со меѓународните институции предвидува сет мерки за успешно справување со нив. Еден од начините е производство и употреба на сертифицирано семе – посочи Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Прилепските земјоделци на протест: Домашната пченица скапува по амбарите, а државата откупува српска (видео)
-
Димовски: Вице-евро-рекордери во полнење кутии на гласање, кривична одговорност мора да има!
-
Димовски му порача на Груби: Седнете вие со Џафери и гласајте сами за ДИК!
-
Димовски: Амнестијата за 27 април не е услов за избор на ДИК