Македонецот Златко Г., вработен во компанијата „Гранит“, синоќа починал во Клиничкиот центар на Бања Лука. Како што соопштуваат од болницата, тој синоќа еден час пред полноќ им подлегнал на сериозните повреди со кои се здобил во неделата.
Несреќата се случила во неделата во Штрпце кога возачот на камион кревал приколка која не сакајќи допрела до жици на далновод, по што избил пожар, а тој се здобил со тешки изгореници по телото.
Македонецот веднаш бил пренесен во болница и приклучен на апарати, но иако лекарите направиле сѐ за да му го спасат животот, тој им подлегнал на повредите во болницата.
Началникот на општина Прњавор, Синиша Гатариќ, ја обвини Владата на Република Српска и јавното претпријатие „Путеви РС“ дека се одговорни за несреќата, наведувајќи дека патот се гради без да постои главен проект и градежна дозвола, пренесуваат од српски „Курир“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трактор во кој имало четири деца тргнал сам по удолнина, едно дете (10) загина на место
-
Уште една трагедија: Загина мотоциклист
-
Македонец подготвувал терористички напад во името на Исламската држава во Италија
-
Зад себе ги остави синовите Стојмен и Ненад: На денешен ден во Слупчане животот го загуби Синиша Стоилов



