| четврток, 6 декември 2018 |

Кинезите ја укинаа жолтата боја на семафорите

Mногу Кинези веќе ја критикуваа оваа мерка, велејќи дека е невозможно да се запре кога не знаеш кога ќе се смени бојата на сигналот

traffic-lightВо Кина нема повеќе жолта сигнал на семафорите. Од први јануари второто светло на семафорите е исклучењно. Тоа стои на семафорите, но кога се запалени црвеното и зеленото едноставно нема функција. Од оваа година ако некој помине на „жолто“ ќе се казнува исто како да поминал на црвено. Возачите заглавени во таа повреда повеќе од еден пат ќе бидат лишени од дозвола за прилично голем рок. Оваа репресивна мерка е преземена од властите со цел да се намали бројот на сообраќајни несреќи со смртен исход, кој во Кина достигна до бројката од 250.000. За Кинезите, на возраст од 15 до 44 години токму тоа е една од главните причини за смрта, непочитување на сигнализацијата.

Секако, многу Кинези веќе ја критикуваа оваа мерка, велејќи дека е невозможно да се запре кога не знаеш кога ќе се смени бојата на сигналот. Други тврдат дека новото правило не да го намали, туку ќе го зголеми сообраќајниот метеж, бидејќи на возачите ќе им е страв да одат и на зелено, плашејќи се да не се вклучи веќе црвено.

Сепак, Министерството за јавна безбедност на Кина е категорично и продолжува да го брани, ова решение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top