Претседателот Ѓорге Иванов денеска беше во општината Чешиново-Облешево, каде што ја презентираше својата изборна кампања. Жителите на оваа општина искажаа поддршка за неговиот втор претседателски мандат.
На средбата со граѓаните на оваа општина, претседателот Иванов истакна дека и во иднина ќе ја дава својата поддршка на инвестициите во руралните средини и ќе ги поддржува сите инцијативи за подобрување на квалитетот на живот во сите населени места.
За севкупен и рамномерен развој на сите општини, претседателот Иванов истакна дека е неопходна соработката меѓу централната и локалната власт.

Македонскиот претседател пред жителите на Чешиново-Облешево ја претстави својата изборна програма и истакна дека е еден од столбовите во неа е токму развојот на земјоделството.
– Повеќе млади остануваат во своите места бидејќи можат да обезбедат егзистенција од земјоделието. Трудот на земјоделецот денеска повторно се вреднува. Овде има плодна почва. Со поддршката од субвенциите на Владата, Чешиново-Облешево има добра иднина – порача претседателот Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани












