ВМРО-ДПМНЕ на овие избори на повеќе добитни места на пратеничките листи постави Македонци муслимани што на извесен начин преставува реализација на тоа што претходно го најави лидерот Никола Груевски од Струга кога изјави:
– Сакам да најавам дека на листата за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата, ќе има место во добитничките места на најмалку двајца Македонци со муслиманска вероисповед за да можеме заедно да се бориме за подобрување на животот во тие краишта.

Според листите на добитно место во првата изборна единица е предложен Фатмир Имеровски, кој е на седмо место. Фатмир е по потекло од село Могорче Дебарско, роден е 1969 година, оженет, татко на три малолетни деца. Дипломирал на економскиот факултет во Скопје. Подолг период имал сопствен бизнис. А моментно работи во ЈП „Македонија пат“. Има искуство и од градежниот бизнис. Инаку член на ВМРО –ДПМНЕ е од 1998година.
Во петтата изборна единица е предложена Нола Исмајловска од Струга. Дипломирала на медицинскиот факултет на „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Има работно искуство во повеќе сфери и полиња. Во периодот од 2004 година до 2014 годиина работела како обучувач по проекти и настани организаирани или подржани од Европска комсиија и Совет на Европа како и од други донатори и спонзори.
Таа била и надворешен соработник во канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни работи за развој на програми, идентификација, формулација и менаџирање на проекти.
Работела и во Дом за згрижување лица со специфични потреби до 30 години во Каунас, Литванија а моментно работи во Министерството за здравство. Таа била и канидидат за советник на општина Струга .
Во шестата изборна единица е предложен и Алим Билали од село Скудриње иопштина Маврово Ростуша. Тој завршил во Средното медицинско училиште „Никола Штејн “ –Тетово, а образованието го продолжил на медициски факултет во –Скопје. Тој моментно работи во во здравствениот дом „Д-р Русе Бошкоски во Ростуше“.
Во шестата ИЕ се предложени и Армен Незири, Рамадан Мехмеди и Амзо Ахмедоски.
Она што е евидентно е зголемената грижа на ВМРО-ДПМНЕ за оваа група на македонци чија бројка не е занемарувачка. Премиерот Груевски од струга додаде Независно како ќе гласаат граѓаните со муслиманска вероисповед на овие избори, нагласи тој, ВМРО-ДПМНЕ активно ќе работи на подобрувањето на нивната сосотојба во Македонија.
Претходно ВМРО-ДПМНЕ како член во највисокиот партиски орган Извршниот комитет го промовираше Ашим Зекировски. На овој начин се овозможува поголема политичка инклузија и грижа за овие македонски граѓани ,кои во минатото беа предмет на децениска негрижа и запоставување. Добитните места на листите се еден од начините да се слушнат во јавноста нивните позиции и ставови за повеќе важни прашања. ВМРО-ДПМНЕ е првата политичка партија, која се реши на конркетни чекори на тој план.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии






