| четврток, 6 декември 2018 |

Тука е крајот на бедата

SDSM-miting-nikoj-od-vrvotПомина забавата на СДСМ, почна битката за тронот. Листите со оние како и да се викаа за пратеници не беше доволно шокантна па на журката решиле да не го викнат Бранко. Многу јака финта, еве ќе помислиме дека Бранко нема врска со партијата, скоро они да не се ни гледаат, не ич не комуницираат со себе. Му се јавил некој дента и му рекол „Бранко ти ич да не се пеглаш за вечер најубаво да не доаѓаш ќе вадат муабети. А и подобро за тебе, ќе ја пуштат химната, нејќеш да дојдеш“. СДСМ се толку уплашени да не им се најде нешто па решиле никого да не поврзуваат со партијата кој може да му се извади валкан веш. Епа ако Шилегов им е еден од најчистите тогаш све е јасно.

Неколку часови пред забавата на генерална проба во Универзална сала:

–          Ми е страв малку да не ме прашаат за време на избориве за името. Што да кажеме, немаме став. Дај подај ми го сакото, да не се виткам во кичмава од сега…

–          За името нема да кажуваш ништо, не е нивна работа како ќе се вика државата. Ти само мафтај си.

–          Абе не е голема работа ама знаеш на некои битно им е. Мене на пример не ми е, јас си го сменив моето, жените си менуваат презиме со свадба..нормално е да се менува, а и толку време едно исто досадно е. Знаеш ако го смениме името знаеш што тендерчиња ќе подели Шилегов за препечатување?  Збогум сиромаштијо и бедо! Во песната ставивте дека ќе ставиме крај на бедата? Добро сте напраиле..

–          На крај по весниците ќе ги цитираме Синоличка Трпкова и Златко Ориѓански да кажат по нешто за тебе дека они се многу важни за луѓево што ги памтат. И многу се познати на социјалните медиуми, се исмејуваат на македонскиот народ и викаат дека се срамат што се дел од него. Баш како што рече шефот да правме.

–          Која беше Синоличка? А, хаха, да ми текна сум го гледал тој филм. Види, гледај по весници да не излезе онаа моја средба со новинари кога му викав на оној „Немој да ме јебеш, немој ти да ме јебеш“ мислам некои од новинарите ме снимија. И на крај нека се збори дека и ВМРОвци ќе гласаат за мене да ги збуниме. Како е во Охрид?

–          Па, има многу луѓе, ефекти, многу пеачи и сите се во тој тимот нивни. Многу луѓе отишле баш и шефот рече ќе гледал на интернет. Ама ти сега ќе растуриш, кога ќе ја згрмиме химната сите на нога, па аплауз, па делириум, па жени во кадар насолзени во очите…Еј, еве шефот те бара…

–          Здраво шефе, да да, малку имам трема ама ќе помине. Знам знам, ја научив песната знам. Исто исто како ти што дигаше раце исто ќе дигам извежбано ми е. Фала шефе. И јас тебе.

–          Ајде, како шо се договоривме чоече, реков јас веруј му на чичо. Ти мене прецедник, ја тебе прецедник. Само ти седни, ја другото ќе ти кажуем шо да праиш, све сум смислил…и не збори многу мафтај. Ќе го пратам Унко да каже збор два…

Стево ех Стевчо на забавата малку зборуваше за проблемот со името. Рече дека спорот околу името не е нашиот единствен проблем. Не е Стевчо, нашиот единствен проблем е што некој сака да го смени. Мафтај си ти.

Мила ем весела

Мила ем весела

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top