Горд сум што сум од Валандово. Чест ми е што сум валандовчанец.
Вака актуелниот и кандидат за претседател Ѓорге Иванов им се обрати на своите сограѓани.
– Се работи за потребите на граѓаните. Гледаме како се асфалтираат улици, се реновираат училишта, како се подобрува инфраструктурата во Валандово, како луѓето се вработуваат. Затоа носев амбасадори во Валандово за да им ги покажам потенцијалите на Македонија и за Водици и за Св. Трифун – изјави Иванов.
Тој додаде дека секогаш е со народот, со граѓаните. Дека каде и да се граѓаните коишто ги почитуваат своите обичаи, својата традиција, таму е и тој затоа што е избран токму од граѓаните.
– Јас сум вашиот глас. Јас сум тој што вашиот глас го пренесува секаде каде и да одам – додаде Иванов.
Работиме како тим. Тим што победува, што носи странски инвестиции, што носи инвестиции да се градат автопатишта и фабрики низ Македонија. Тоа е новиот лик на Македонија. Затоа ја поддржувам секоја нивна реформска мерка. Работам за сите тие проекти да успеат. Успева и Валандово. Странска веќе фирма доби концесија да отвори рудник за злато, потенцираше Иванов.
– Никогаш за овие пет години некому не сум нападнал. Ама сега ќе им кажам , продолжете и понатаму со ист интензитет, со уште поголем интензитет напаѓајте. Колку повеќе напаѓате, довербата на граѓаните во мене расте – посочи Иванов.
Иванов изјави дека му е особено мило што сите во Република Македонија ја препознаат неговата посветеност и што довербата на граѓаните во институцијата претседател пораснала до 56%, а 74% од граѓаните во Македонија сметаат дека чесно ја обавува функцијата.
-Додека некои ме омаловажуваат, напаѓаат, клеветат, во светот чест ми укажуваат – изјави претседателот Ѓорге Иванов.
Претседателот Иванов истакна дека постојано се вложувало во образованието, а најзначајно од сѐ е што тие образовани луѓе одат по светски универзитети и секаде со себе ја носат Македонија.
-Како што спортистите победуваат и нѐ прават горди, како што нашите пејачи одат насекаде и не претставуваат, и на нив сме горди, како што нашите научници секаде успеваат, успева и оваа млада генерација во Македонија којашто знае што сака, знае каде оди – додаде Иванов.
Иванов додаде дека и тој и Владата прават сѐ за сите што се иселиле од Македонија да се вратат повторно назад. Да видат дека додека била светската економска криза од 2008 година, па наваму, кога многу силни економии тешко се справуваа со таа криза, Македонија постигнувала резултати. Резултати кои ги бележат најкомпетентни надлежни институции во светот. Кои ги следат сите промени и кажуваат дека Македонија успева.
– Нѐ блокираа кон Европа, но не се предаваме. Пет извештаи и пет препораки за почеток на преговорите во Европската унија. Но, не стоиме, ја градиме Европа во Македонија. Ќе видите европски аеродроми, европски институции, ќе видите европски стандарди на нашите производи што сѐ повеќе се извезуваат од Македонија – изјави Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани