Педесетина модели ќе бидат во конкуренција за избор на најубави нозе на Модниот викенд во Скопје, кој почнува од денеска и ќе трае до 7 април. Светскиот бренд за депилација „Вит“ (Veet) во Македонија го организира првиот ваков избор за што е во потрaга по манекенка со најубави, негувани и женствени нозе.
– Светската марка „Вит“ на глобално ниво ги поддржува настаните за мода и убавина. Оваа година за првпат ќе се избира манекенка со најубави нозе, која воедно и ќе биде заштитно лице на оваа марка во Македонија. За да се освои оваа титула девојката треба да изгледа самоуверено, да зрачи со позитивна енергија и, секако, главниот услов е да има убави и негувани нозе – изјави Елена Гагиќ, од „Меркур трејд“ генерален дистрибутер на „Вит“ за Македонија.
По завршување на модниот настан, „Вит“ подготвува фотосесија со заштитното лице, а со тоа ќе почне и со едукативната кампања наменета за млади девојки и жени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.