| четврток, 6 декември 2018 |

(ДПЛ) Груевски го пречека Борисов, бугарската агенција Фокус со детали од работните групи

gruevski-borisov-2

Бугарскиот премиер Бојко Борсов придружуван од шефот на бугарската дипломатија Николај Младенов пристигнаа во Скопје на, како што ја нарекоа „неформална средба“ со македонскиот премиер Никола Груевски.

Пред доаѓањето, Борисов за медиумите најави дека „нема ништо тајно, едноставно доаѓам да се видиме и да поразговараме, без почести и помпезности. Да седнеме како пријатели и да поразговараме“.gruevski-borisov-1

Бугарската агенција Фокус објави дека вечерва по средбата би требало да бидат објавени делови од Договорот меѓу двете држави, за кој што Бугарија го постави како услов за македонската евроинтеграција.

Агенцијата потоа вели дека според работната група, за Македонија биле спорни две точки од Декларацијата од 1999, за која што Софија инсистира да се преточи во Договор. Фокус вели дека тоа се точките 5 и 11 .

gruevski-borisov-5Точката 5 вели „имајќи ја предвид геогравската блискост, двете страни ќе се стремат да создадат неопходни правни, економски, финансиски и трговски услови за осигурување на непречено движење на стоки, услуги и капитал. Тие ќе ги поттикнуваат заедничките инвестиции и ќе обезбедат нивна заштита“.  Агенцијата потоа анализира дека „Последните години во ниту една продавница нема бугарски производ. Обидите за бугарски инвестиции се пречекуваат недобронамерено; при обид за бугарско учество во приватизацијата на компанија во Битола, бугарските инвеститори биле протерани со штрајк“, коментира Фокус.

gruevski-borisov-6Точката 11 од Декларацијата која што според бугарскиот Фокус е спорен во Македонија вели „Двете страни нема да преземаат, поттикнуваат и поддржуваат активности насочени против другата страна, кои имаат непријателски карактер“. Фокус за овој дел не дава примери, но посочува дека според бугарски експерти дека ако декларацијата е основа за договор, таа треба да се надградува а не да отпаѓаат точки од неа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top