На плоштадот „Македонија“ во Скопје денеска со почеток од 11 часот традиционално ќе се одржи манифестацијата „Априлијада 2014“, на која ќе учествуваат сите училишта, градинки, деца и граѓани на Скопје.
Организатори на манифестацијата, која годинава ќе се одржи под мотото „Скопје се смее“, се Детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје.
На плоштадот ќе биде присутен и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.
Во дневниот дел од забавата со маски ќе продефилираат многу кловнови, ќе има балони, песнички, игри, забава со фолклорната секција на ДКЦ „Карпош“, децата од „Златно славејче“ и танцови групи од основните училишта од Скопје и од околината.
Предвидена е и ноќна забава на која ќе настапат Драган Мијалковски, Александар Митевски, Коста Костовски, Александар Белов, Елена Миленковска.
Водители на забавата ќе бидат Марија Петровска и Антонио Димитриевски, а за крај настап ќе има и диџеј Бабура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.