| четврток, 6 декември 2018 |

Најдобрите априлски шеги на автомобилските компании (фото)

Во автомобилската индустрија нема место за грешки и секој пропуст скапо се плаќа, но дури и кај тие сериозни луѓе, кои работат во овие компании, има голема смисла за хумор и подготвено го дочекуваат Денот на шегата. Ви претставуваме неколку неверојатни вести за исмислени новитети во нивните модели кои никогаш не би ги виделе да не е 1 април:

1. БМВ со магнетно влечење

Овој генијален изум на маркетиншкиот оддел на БМВ им овозможува на возачите на новиот модел да се приближат до друг автомобил и под влијание на магнетните сили да заштедат гориво. Шеговитиот слоган на компанијата би бил „Барем еднаш ни е мило што сме зад конкуренцијата“.

bmw magnetno vlecenje

2. Ветробранско стакло со диоптер

 

Компанијата „Ауто виндскрин“ на 1 април 2010 година објави дека конечно направила ветробранско стакло со диоптер за луѓе кои имаат проблем со видот. Тимот на компанијата која ја подготвувала оваа шега сериозно се потрудила за промоцијата изнајмувајќи го британскиот туринг возач Том Чилтон.

auto windscreen

3. Киа „aero soul“

Фотошоп одделението на Киа на 1 април 2009 година го претстави модифицираниот модел „Ер пропулшн енд ретардејш инсталешјн лајн“ систем кој ја користи силата на ветерот да заштеди гориво.

kia aero soul

4. Киа „KEE_Wii“ без волан

Една година претходно, во 2008 година, Киа го престави својот модел без волан, кој за управување користи далечински управувач. Така, овој модел може да се управува од кое било седиште, дури и од дете.

kia bez volan

5. БМВ пикап

Овој измислен модел на БМВ е создаден во 2011 година и може да собере 20 торби за голф.

bmw pikap

6. Хјундаи и10 папамобил

Во 2009 година Хјундаи го престави својот првоаприлски модел на и10 кој наводно бил специјално осмислен за папата на негово барање затоа што решил дека е време да се вози во помал, еколошки автомобил.

hjundai papamobil

7. Невидливиот сеат

На 1 април 2008 година „Сеат“ соопшти дека развил револуционерен „електро рефлективен“ надворешен панел за нивните автомобили кој има способност да се вклопи во надворешната средина. Не е понудено решение како сопствениците на автомобилите ќе си ги најдат автомобилите на паркинг.

nevidliviot avtomobil na Seat

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top