| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Ветивме и го одржавме ветувањето

ACE_3774

Пред нас, посочи имаме човек од политичка гарнитура која покажа дека знае да држи до зборот, знае да вети и да си го одржи ветувањето, рече премиерот Никола Груевски на митингот на кој претседателскиот кандидат Ѓорге Иванов ја побара довербата од струмичани.

-Држењето до збор е основната работа во политиката за нас. И тоа е една од главните причини зошто во овој период ја добивавме поддршката на мнозинството граѓани во Македонија.Таков човек и треба на оваа земја, таква политичка гарнитура му треба на овој народ. Доста е од оние кои во минатото со лаги и со интриги сакаа да го замајат народот.Ние сме политичка гарнитура која држи до зборот. Ние воведовме во Македонија пракса, не само да се трудиш да ја добиеш довербата, не само да го исполниш она што си го ветил, туку на крајот да излезеш и да дадеш отчет. Отчет пред тој што ти ја дал довербата. И за сработеното и за тоа што не си стигнал да го сработиш и да кажеш зошто не си го сработил, рече Груевски.

Тој порача дека тоа е гарнитура која пред се и над се ги ставаше интересите на државата, а не личните и партиски интереси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top