| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Заев треба да се срами од тендерите кои ги доделувал

ACE_3774

Како не им е срам на СДСМ да велат дека промовирале нови лица и да пласираат теза дека им требале промени, праша премиерот Груевски на митингот кој вечерва се одржа во Струмица за промоција на претседателскиот кандидат Иванов.

-Зоран Заев образложувајќи ја тезата вели „ни треба нов концепт за враќање на парите кај граѓаните„. Еј, луѓе, Заев ќе ги враќал парите, како не му е непријатно, како не му е срам по сето она што го чувме за тоа како ги распределувал парите на општина Струмица и како ги враќал кај роднините, золвите, братучедите, таткото. Замислете што ли ќе направи тој човек ако располага со цел буџет на Република Македонија? Какво враќање на парите кај народот ќе падне,нема да може да се изнавраќа пари, рече Груевски.

Промените, рече тој, се направени кога народот ги исфрли СДСМ од власта и со години не им ја дава довербата таму да се вратат.

-За какви промени говорат? Промените се направени кога народот ги исфрли Бранко, Шекеринска и Стево од фотељите и не сака да ги врати. Безброј пати го излажаа народот, го навредија и потценија, го отпуштија од работа, ги тепаа по улиците. Народот им даде промена во 2006-та година.Сега пак ќе им дадеме промени, пак ќе ги поразиме. Нека си прават промени, ама внатре во СДСМ. Не можам да разберам како се уште веруваат дека можат да манипулираат со народот. Си мислат ако не излезат на листите, поразот ќе го препишат на некој друг. Такво бегање од соочување со народотн е се запамтило во политичката историјата на Македонија, па и Европа. Човекот вели да го постават за премиер, а бега од листа каде народот треба за него да гласа. Како капитен во фудбалски тим да ја напушти утакмицата и да рече „Јас ве оставам трчајте, ако победиме ќе дојдам по пехарот“, посочи премиерот.

Им порача за своите политички конкуренти дека ваквото однесување на СДСМ ќе биде казнето на изборите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top