| четврток, 6 декември 2018 |

Црн ден за шведскиот фудбал – загина навивач на Ѓургарден

Едно лице го загуби живот во пресметката на навивачите на Ѓургарден и Хелсинборг, соопшти шведската полиција. Пред почетокот на натпреварот од 1.коло во новата сезона на фудбалскиот шампионат на
Шведска, меѓу Хелсинборг и Ѓургарден, кој требаше да се одигра вчера, во пресметка на „навивачи“ од двете екипи загинал еден 44-годишен симпатизер на гостинскиот тим.

Како што соопшти локалната полиција, настанот се случил во јужниот дел од градот, каде се судриле двете групи на хулигани. Засега полицијата не соопшти други детали, освен дека се води истрага за случајот.

Настанот се случувал за време на самиот натпревар, а откако информацијата се проширила на стадионот на Хелсинборг, дошло и до немири и на трибините, по што натпреварот бил прекинат во 41.-та минута при резултат 1:1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top