Пред половина час на раскрсницата на улиците „Френклин Рузвелт“ и „Партизански Одреди” се случи тешка сообраќајка во која жена возач е повредена. Се судрија автомобил џип “ходна” и “ровер”. “Роверот” го управуваше жената која додека не дојде Брзата помош не беше излезена од возилото.
На местото на сообраќајката интервенираа три амбулантни возила. Жената од автомобилот ја извадија лекарите, ја мобилизираа во вратот и на носила ја внесоа во едното амбулантно возило. И возачот од „хондата“ беше однесен со амбулантно возило во болница.
Според очевидците, „ходната” директно удри во задниот страничен дел на „роверот“. Се претпоставува дека едно од возилата најверојатно има поминато на црвено светло на семафорот.
Фото: Нова Македонија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.