Во рамки на предизборната кампања кандидатот за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија Ѓорге Иванов попладнево одржа митинг во Ново Село, струмичко.
– Кога бев млад, почесто бев во Вашиот крај. Ги знам уште од тогаш убавините и на Смоларе и на Колешино. Како мал бев многу често бев присутен и во Сушица кај моите роднини. Постојано ги слушав и бев сведок на живи сведоштва, на луѓе чија судбина била таква да се откорнати од вековни огништа. Ги слушав нивните разговори, слушав како велеа: „немаше тоа да ни се случи ако имавме наша држава. Немаше тоа да ни се случи ако зад нас застанеше држава. Е сега имаме држава. Имаме држава која се вика Република Македонија. Затоа ја сакаме, затоа ја почитуваме. Потомците на тие луѓе кои имале
страдања и тешкотии во животот, затоа што зад нив не стоела држава – рече на митингот Иванов.
Додаде дека од средбата со градоначалникот дознал за напорите да се искористат ИПА фондовите, програмите за прекугранична соработка, со кој е предвидено во Ново Село да се изгради целосно нов сточен пазар и да се изврши реконструкција на постоечкиот зелен пазар и оти се планира изградба на зграда за продажба на млечни производи.
– Вие сте вредни луѓе. Луѓе кои имаат свои традиции, свои производи, кои веќе се извезуваат од Македонија. Затоа го помагаме земјоделието. Затоа во последниве години се издвоени 500 милиони евра за земјоделието. Затоа се помагаат и сточарите. Се помагаат сите производители во Македонија. Тоа е успехот на Македонија. Затоа и ги поддржувам овие млади луѓе, кои пред неколку години дојдоа на чело со Груевски. Затоа ги подржувам и работиме како тим. Работиме за Македонија. Работиме за граѓаните на Македонија. Без разлика на етничка, верска или било која припадност. Сите сме ние Македонија – рече
Иванов.
Секој од вас, рече, го чувствува успехот и просперитетот на Македонија и тоа во услови кога постоеше голема, голема криза од 2008 година кога најсилните економии не можеа да се справат со тие предизвици.
– Македонија отвори 120 илјади нови работни места. Тоа е новиот лик на Македонија во која се градат автопатишта. Се реновира пругата. Тоа е Македонија во која се градат фабрики, а се вработуваат младите луѓе. Младите луѓе да остануваат и да живеат во Македонија, со својот труд и со својот ум. Затоа инвестираме во образованието. Затоа што најисплатлива инвестиција е кога се инвестира во себе. Затоа сме горди на нашите луѓе, кога ги среќаваме по странски универзитети. Но, горди сме и на нашите спортисти кои победуваат, горди сме кога ни носат победи. Затоа што и тие се пример како се успева кога се работи како тим. Ни требаат тимови насекаде – рече Ивванов пред жителите на Ново Село.
Појасни оти заради тоа и за основал Школата за млади лидери, оти, како што истакна, ни требаат луѓе кои што знаат да предводат, не само во политиката, во економијата, туку и во културата, спортот, земјоделието…
– Во овие пет години бев во многу светски метрополи, на многу настани. Се сретнав со многу светски лидери. Насекаде зборував за Македонија. Секаде бев вашиот глас. Затоа имам чист образ да дојдам повторно и да барам од вас доверба. Прв пат во историјата на Македонија еден Претседател работи според програма и дава отчет на таа програма. Затоа сум со чист образ и со дигната глава пред барам повторно доверба. Да продолжиме да работиме за Македонија. Тимски и победнички. Кога се работи тимски и успесите насекаде би биле видливи – рече Иванов.
Тој пред жителите на Ново Село говореше и за порастот на економијата во земјата, за растот на пензиите, субвенциите, за намалувањето на невработеноста… Во Македонија, рече, се отвораат нови работни места, се создаваат услови за младите луѓе, својата среќа да си ја бараат во Македонија и заедно со нив да успее Македонија.
– Успева Македонија затоа што Македонија ни е изборот. Успева Македонија, затоа што државата ни е пред се. Македонија ни е пред се – рече Иванов на митингот во Ново Село
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево