Актуелниот и кандидат за претседател Ѓорге Иванов, денес одржа митинг во Василево. Тој пред присутните посочи дека Василево успева, а за една година три пати го посетил местото за да им го честита постигнатиот успех на жителите.
-Ме прашуваат зошто сум доаѓал во Василево на празијада. Како да не дојдам да го почитувам народот кој си ја почитува традицијата. Си ги почитува обичаите. Како да не бидам на настани каде што се нашите граѓани. Секој има потреба од внимание, и вие тоа го заслужувате. Доаѓавме и со странски амбасадори, пред кои градоначалникот го презентираше успехот на Василево. Ги посетувавме новите објекти, новите компании, истакна Иванов.
Тој посочи дека во изминатиов период 500 милиона евра се дадени за субвенции.
-Но, земјоделието знае како тоа треба да го врати, со извоз на храна од Македонија, со извоз на квалитетни производи од Македонија. Тоа е успехот кога се работи тимски. Се работи тимски и со централната и со локалната власт и резултатите се видливи. Секаде каде и да одиме ги гледаме успесите, додаде актуелниот и кандидат за претседател.
Тој истакна дека низ Македонија се градат автопатишта и се оди по асфалтен пат, а веќе немао напуштени села, бидејќи секаде нешто се работи.
Иванов пред жителите на Василево посочи дека повторно се враќа пред нив со нова програма за нови успеси. Претседателскиот кандидат напомена и за отворањето на големиот број работни места во изминативе години.
-Во последно време 120 илјади работни места се отворени низ Македонија. Сите тие луѓе имаат плата, создаваат семејства. И затоа секаде каде што одиме, бараат градинки да се отвораат низ Македонија. Тоа е успехот на Македонија. Да создадеме и сегашност и иднина за идните поколенија. Затоа што функциите доаѓаат и си проаѓаат, но останува човечноста. Да помагаме на секој поединец, на секое населено место. Да бидеме сплотени и единствени. Тогаш и другите ќе не почитуваат, нагласи Иванов.
Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одржи два централни митинзи во Валандово и Струмица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево