Обвинителството има нови докази за убиството на Жељко Ражњатовиќ – Аркан , но нема никаква потврда дека зад тоа стои поранешниот политички врв на чело со Слободан Милошевиќ, пренесе денеска „Б92“.
Како што за српската телевизија неофицијално потврдија од обвинителството, постојат нови наоди во врска со убиството Ражњатовиќ. Потврдено е дека причините за убиството се политички, но нема никаква потврда за тврдењата дека зад ова стои поранешниот политички лидер на Србија .
Како главни причини за убиство се наведуваат потенцијалното сведочење на Аркан пред Хашкиот трибунал, како и средбата со еден високи западен државник за која сведочат повеќе лица.
Жељко Ражњатовиќ Аркан (48) беше убиен на 15 јануари 2000 година во фоајето на белградскиот хотел „Интерконтинентал“.
Напаѓачите го погодија со три истрели во главата, а убиени се и неговите телохранители Миленко Мандиќ Манда (44) и Драган Гариќ (47).
Ражњатовиќ беше најпознат како лидер на Српската волонтерски гарда, паравоена група позната како „Тигрите на Аркан“, но и по разните „сиви“ активности низ Европа во времето на поранешна Југославија. Некое време беше активен и во политиката.
За убиството на Ражњатовиќ од страна на Окружниот суд во Белград на 9 октомври 2006 година беа осудени Доброслав Гавриќ, Милан Ѓуришиќ и Драган Николиќ.
Тоа беше втора пресуда за овој случај, бидејќи претходната беше поништена поради недостаток на докази д страна на Врховниот суд на Србија во 2002 година.
Доброслав Гавриќ, поранешен полицаец, осуден за убиство на 35 години затвор, беше уапсен 2012 година во Јужна Африка.
Повикувајќи се на извори во Министерството за внатрешни работи,српската телевизија „Пинк“ пренесе дека деновиве ќе се заокружи широката истрага на политичките убиства кои го одбележаа владеењето на Слободан Милошевиќ.
Досегашните резултати на истрагата укажуваат дека е можно нарачателот на некои од убистата да е лично Милошевиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Поради него мислат дека Аркан е жив: Постојано има проблем со цариниците (галерија)
-
Аркан се швалерисувал со Јелена, а Цеца ги фатила!
-
Ми нудеа два милиони евра да ги ослободам убијците на Аркан – открива судијата
-
Кога ми е тешко, тој ми доаѓа на сон – емотивна исповед на Цеца, 23 години од венчавката со Аркан!