| четврток, 6 декември 2018 |

Вуковар ќе користи кирилица

Кирилицата ќе се воведе како службено писмо во Вуковар, потврди денес хрватскиот премиер Зоран Милановиќ денес, хагласувајќи дека мора да се почитуваат правата на малцинствата.

Тој нагласува дека СДП е партија која пред повеќе од 20 години одлучила дека ќе ги почитува правата на малцинствата.

-Ние сме партија на сите хрватски граѓани и затоа мора да ги почитуваме нивните права. Хрватска не се бореше против кирилицата, туку против агресорот – изјави Милановиќ.

Тој смета дека СДП е подобра партија од оние партии што мислат дека се единствените што знаат што е хрватски национален интерес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top