На 13 и 27 април во Македонија ќе се одржат претседателски избори, на кои фаворит е повторно актуелниот претседател Ѓорге Иванов, поддржан од владејачката ВМРО- ДПМНЕ, се вели во текстот на весникот „То парон“.
Како што јавува дописникот на „Нетпрес“ од Атина, грчкиот печат овој пат отворено пишува за тоа која политичка опција во Македонија претставува посакуван соговорник за јужниот сосед во разговорите за името.
И додека за претседателот Иванов „То парон“ пишува дека има цврсти позиции за името, за кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, вели:
– За неговиот опонент, исто така професор, Стево Пендаровски од СДСМ, политичар кој во последните години покажа голема флексибилност за прашањето за името, се чини нема многу надеж – стои во текстот.
И грчкиот печат, но и грчкиот државен врв во континуитет изразуваат незадоволство од позициите на премиерот Никола Груевски и претседателот Ѓорге Иванов насочени кон заштита на уставното име и на македонскиот идентитет, прикажувајќи ги како непопустливи и националистички.
Пораките на лидерот на македонската опозиција Зоран Заев, пак, се дека на СДСМ не им личи да бидат патриоти и дека треба да си го свиткаме ’рбетот за името.
И додека СДСМ на чело со Заев ја критикува политиката на македонскиот државен врв за името и бара виткање на ’рбетот, во Грција од ден во ден расте бројот на политичари, експерти и медиуми кои што порачуваат дека јужниот сосед е страната што загуби во спорот и дека грчката, а не македонската влада, има погрешна стратегија за ова прашање.
Ова го потврдува и последниот број на весникот „Ризопулост“, кој пишува дека грчката влада не успеала ефикасно да се справи со прашањето за името.
Речиси идентични беа критиките упатени и од новата грчка политичка партија „Потами“ од каде што порачаа дека прашањето со Скопје е пример за отсуство на стратегија во грчката надворешна политика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани