| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов во Босилово: Тим кој отвора работни места

– Јас, како претседател, заедно со Владата, министрите, пратениците, градоначалниците, стопанствениците, работиме како тим! Тим кој отвора работни места! Тим кој ја гради Македонија, бидејќи каква Македонија градиме, таква ќе ја имаме!
Овој тим отпочна инвестиции во стратешка инфраструктура од историски размери! – посочи претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов на денешната средба со жителите на Босилово.

Тој нагласи дека започна со реализација проектот за отворање рудник за злато и бакар во Иловица.

– Бев во тек со работењето да се привлече оваа странска инвестиција и при мојата посета на Канада минатата година, и кога дојде канадска делегација во Македонија на чело со спикерот на Сенатот, д-р Ноел Кинсела – додаде тој.

Иванов зборуваше и за вкупната инвестиција на канадската компанија „Еуромакс“ која ќе изнесува над 500 милиони долари кои ќе бидат реализирани во текот на следните пет години.

-Дополнително ќе се вложат 100 милиони долари годишно за развој на рудникот. За време на изградбата ќе бидат ангажирани од 300 до 400 лица, додека по изградбата на рудникот за бакар и злато, кој треба да биде готов за најмногу пет години, ќе се вработат од 500 до 600 лица. Индиректно или дополнително, ќе бидат ангажирани 200 до 300 работници преку компании подизведувачи, што значи дека збирно, само во фазата на изградба ќе бидат вклучени над 700 лица како нови вработувањa – рече Иванов пред жителите на Босилово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top