| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдени наркотични средства кај тројца млади лица

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.П.(27) од Куманово за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. На 4 февруари годинава, при извршениот претрес во домот на пријавениот се пронајдени и запленети 0,38 грама амефетамин.

ПС Крива Паланка поднесе кривична пријава против З.В.(27) од Крива Паланка за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. На 6 февруари годинава, по извршениот претрес во домот на пријавениот, се пронајдени и запленети осум семки од растението „канабис сатива“ што ги набавил од лице од Крива Паланка за цена од 500 денари.

СВР Битола  поднесе кривична пријава против Г.Ц.(26) за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. На 11 февруари годинава од страна на полицијата над пријавениот е извршен преглед при што му е одземена 0,3 грама марихуана помешана со тутун.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top