Русија на Крим ќе му даде статус на специјална економска зона со даночни олеснувања и поедноставена бирократија за да може да привлече инвеститори, изјави денеска рускиот премиер Дмитриј Медведев.
– Наша цел е тој полуостров да биде што е можно попривлечен за инвеститорите за да може да оствари доволно приходи да го самофинансира својот развој – истакна Медведев на седница на Владата, посветена на социјалниот и економскиот развој на Крим и Севастопољ, која се одржува во Симферопољ.
Медведев пристигна денеска во Симферопољ за да присуствува на седницата на руската Влада. Тој е највисокиот државен функционер, кој го посетил кримскиот полуостров по неговото приклучување кон Русија. Заедно со него пристигнаа вицепремиери и над половина министри од руската влада.
Медведев минатата недела им додели на министерствата повеќе задачи, насочени кон помагање на Крим во развојот на неговата економија и подобрување на социјалната ситуација на локалните жители.
– Предвидено е специјално платите во буџетската сфера постепено да го достигнат просекот на Русија, да се организира исплаќање пензии и социјална помош, така што никој нема да загуби ништо, а сите само ќе добијат – објави Медведев на својот налог на „Твитер“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.