| четврток, 6 декември 2018 |

Џиновски автобуси решение за сообраќајниот превоз во Кина

Џиновски суперавтобуси што се движат по шини поставени крај сообраќајните улици се новото футуристичко решение со кое Кина ќе го решава проблемот со јавниот превоз.  Движејќи се по шини, автобусите не сметаат во движењето на останатите учесници во сообраќајот. Не предизвикуваат метеж дури и кога застануваат на автобуските постојки.

Се работи за решение што е многу побрзо и поевтино од изградбата на подземно метро. За изградбата на Straddling Bus системот се потребни инсталации на постоечките патишта кои би овозможиле движење на автобусите и изградба на подигнати постојќи за патниците.

Секој автобус е широк 6 метри, а висок 4.5 метри. Има капацитет од 1.200 патници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top