| четврток, 6 декември 2018 |

Поплави, суша и глад ќе го уништат човештвото

Во досега најострото предупредување во извештаите на Обединетите нации се вели дека човештвото во иднина ќе се справува со уште поголеми поплави, суши, топлотни бранови и шумски пожари, бидејќи климатските промени алармантно се влошени.

Во извештајот на Меѓувладиниот панел за климатски промени (ИПЦЦ), се наведува дека влијанието на глобалното затоплување веќе се чувствува,  а ќе биде сѐ позабележливо со зголемувањето на температурата.

1. Глад
Според извештајот на ОН, ќе се зголеми проблемот со снабдувањето со храна поради намалениот род на пченица, ориз и пченка.

2. Болести
Климатските промени ќе ги засилат веќе постојни здравствени проблеми, а сѐ повеќе луѓе ќе умрираат од топлина, неухранетост и болести.

3. Војна
Експертите на ОН проценуваат дека со растот на температурата ќе расте и ризикот од развивање насилен конфликт поради влошувањето на проблемите, како што е сиромаштијата.

4. Поплави
Извештајот посочува дека во Северна Европа ќе се зголеми ризикот од поплави, но и на топлотните бранови и суши.

 

ИПЦЦ повторно повикува да се намали емисијата на штетни гасови, но и да се помогне на ранзливите да се приспособат на веќе неизбежните влијанија на климатските промени.

Најновиот извештај се базира на претходните процени, според кои температурниот раст до крајот на овој век ќе изнесува од 0,3-4,8 Целзиусови степени, а нивото на морето до 2100 година ќе се зголеми 26-82 сантиметри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top