| четврток, 6 декември 2018 |

Отворено студио – митингот во Струмица во живо на „Република“

ivanov kriva palanka2

„Република“ повторно во живо ќе го пренесува митингот на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата „За подобра Македонија“. Според агендата на досегашниот претседател и кандидат за втор мандат, Ѓорге Иванов, првото обраќање ќе биде во Валандово во 17.30 часот, а второто обраќање Иванов ќе го има пред Струмица во 20.30 часот.

Продолжува и нововоспоставената практика, предизборните митинзи да се пренесуваат со посредство на интернет. На нашиот портал во 20 часот ќе почне и програма на отвореното студио, со кое ВМРО-ДПМНЕ како прва политичка партија во Југоисточна Европа нуди нов пристап на анализи и дебати со еминентни гости, а во насока на запознавање на јавноста со програмата и пораките кои се испраќаат од предизборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ во оваа претседателска кампања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top