Ан Идалго е првата градоначалничка на еден од најубавите градови во светот, градот на светлината, со 2,2 милиони граѓани, Париз.
Ќерка на шпански доселеник, феминистка и дискретна членка на Социјалистичката партија, Ан е првата градоначалничка на Париз која се приклучува на малиот клуб жени кои се лидери на главни градови.
Во трката за градоначалничката фотелја, противничка ѝ беше уште една жена, Натали Косјуско-Моризе. Ан освои победа со 54,5 отсто од гласовите.
Со победената на Ан, владејачките социјалисти во Франција претрпеа голема загуба на локалните избори и се смета дека социјалистите се погодени од растечко незадоволство на граѓаните околу економијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.