| четврток, 6 декември 2018 |

Сара Мејс настапи по чорапи (ВИДЕО)

Годинава успешно почна за младата македонска пејачка Сара Костадиновска, позната како Сара Мејс. По наградата „Златна бубамара“ за најперспективна пејачка и одличното претставување на „Танц со ѕвездите 2“, каде што до крајот важеше за една од фаворитките, таа стана една од најбараните изведувачи за настапи низ Скопје.

1795824_722597537779769_1528114118_o

Ексклузивката на „Горила продукција“ во четвртокот настапи во скопскиот ноќен клуб „Станица 26“.

Како што ништо околу оваа млада харфистка, композиторка и музичар не е едноставно, така не беше ни овој настап.

1265040_722596774446512_1086065270_o

Откако се обиде неколку песни да ги испее на високи потпетици, Сара среде настап се ослободи од нив и реши удобно да си ја заврши работата. Пејачката остана само по чорапи, што не ги спречи присутните одлично да се забавуваат.

1911059_722596897779833_1645591592_o 1965633_722598534446336_313840823_o 1540429_722597547779768_2035114907_o 1559472_722596754446514_1168771533_o

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top