| четврток, 6 декември 2018 |

Тинејџерката Шифрин е светска слаломска првенка

Утре алпскиот скијачки мундијал завршува со машкиот слалом на кој ние ќе бидеме застапени преку Дардан Деари

Американската тинејџерка Микаела Шифрин имаше спектакуларно второ возење во женскиот слалом од алпскиот скијачки мундијал во Шладминг и стана втора најмлада светска првенка по Хани Венцел од 1984.година. 17 годишната Шифрин беше трета по првото возење, но потоа блесна, за доказ дека е најталентираната натпреваруваачка во најтехничката дисциплина во моментов, што предходно, во текот на сезоната, беше најавено со три победи во Светскиот куп.

Четвртото злато за Американците, по трите на Тед Лигети, дојде со 22 стотинки подобро време од Михаела Кирхгасер која на домаќинот Австрија и го донесе шестиот медал, но се уште без највисокото место на подиумот. Трета денеска беше водечката по првата трка Фрида Хансдотир од Финска.

Утре 42 Светско првенство завршува со машкиот слалом. Во 10 часот е стартот на првата делница, а во 13. 30 е втората трка. Ние ќе бидеме застапени преку Дардан Деари кој денеска во квалификациите го освои 27. место. Антонио Ристевски и Марјан Нашоку испаднаа уште во првиот дел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top