После претставувањето на листата за кандидати за пратеници од владејачката партија, централниот комитет упати барање до Државната изборна комисија со кодирано име „мунти“. Според опозиционерите, листите на ВМРО-ДПМНЕ се недемократски и не се во духот на темпото наметнато од СДСМ кои на овие избори на своите листи презентираа играчи од клупата за резерви.
„Крајно нефер потег на ВМРО. Наместо да покажат доблест и да одговорат на нашиот лежерен пристап на овие избори, тие како свои адути ги извадија најсилните играчи. Според нас, ова е тежок удар врз македонската демократија и обид во парламентот повторно да влезат сериозни играчи, наместо да им дадеме шанса на новите кадри кои ќе може да го печат занаетот во пратеничките клупи и за 8 години да бидат добри претставници на народот“, велат од СДСМ.
„Мислевме дека се шегуваат кога најавија дека ќе одат на 62 пратенички места, меѓутоа со нивните листи само покажуваат дека немаат смисла за хумор. Со нашите листи „им намигнавме“ и поставивме нов дискурс во македонската политика, дури бевме спремни и кандидатот за премиер да го избираме на шоу за таленти или со лотарија. Спротивно на сите наши желби, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа несоодветна сериозност и ригидност каква што може да биде само од штета за граѓаните кои нема да може да гласаат од тепка, туку ќе знаат чие име заокружуваат“, додаваат претставници од опозицијата.
Според нив, време е ДИК да изреагира соодветно и да пресуди „мунти“ и ново распределување на пратениците низ листите. За нив би било прифатливо и префрлање на некои пратеници од првите местаа на листите на ВМРО-ДПМНЕ на нивните, и обратно.
„Не би се лутеле и на такво решение на ДИК. Рековме дека нема со силни, тие не ни одговорија на барањата. Ова е тоталитаризам и бараме ново делење“, категорични се во СДСМ.
ДИК ќе се произнесе по нивното барање во некоја од наредните години.
Кромиди Запад
*** Целта на „Кромиди запад“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со правите луѓе и институции е случајна.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст