| четврток, 6 декември 2018 |

Северна и Јужна Кореја разменија оган

NKOREA-KIM

Северна и Јужна Кореја разменија оган преку спорната морска граница, јави „Би-Би-Си“.

Северна Кореја претходно објави предупредување против пловење во подрачја во близина на својот западен брег и во близина на спорната граница со Јужна Кореја и информираше дека ќе изврши воени вежби на седум места.

Јужна Кореја подоцна соопшти дека возвратила на огнот откако во нивните територијални води паднале гранати истрелани од Северна Кореја.

Подрачјето е во близина на таканаречената северна гранична линија повлечена на крајот на Корејската војна, која траеше од 1950 до 1953 година. Во претходните судири на двете морнарици во тоа подрачје загинале десетици морнари на двете страни.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top