Вицепремиерот Владимир Пешевски на митингот во Дојран, барајќи ја поддршката од народот за претседателскиот кандидат Ѓорге Иванов, истакна дека на Македонија не и треба претседател кавгаџија, не и треба човек кој ќе се расправа со Владата и ќе ја критикува јавно.
-На Македонија и треба претседател како Ѓорге Иванов, кој што изминатиов период со конкретни проекти и со активности во соработка со Владата, покажа и докажа дека знае како е да се биде претседател и како е да се грижиш за сопствениот народ. Тој докажа дека државата и народот му се пред се. Со својата мудроста и уште поголемо искуство од минатите 5 години ќе биде уште подобар лидер на Македонија – рече Пешевски.
-Крајната цел на Иванов е да имаме позитивен рзултат, да направиме нешто за Македонија, а нема цел како што би имал политичкиот опонент само да ја донесе сопствената партија на власт, тоа е ставање на пртиски интерес, над интересот на државата. Тука се разликуваме. Затоа ние имаме право да кажеме и да користиме слоган „За нас државата е пред се“, затоа што претседателот Иванов така се однесуваше во изминатиов период. Од тоа негово однесување произлеле и слоганот.
Тој подвлече дека во изминатиов период биле направени реформи и подобрувања во голем број области, а за многу проекти се обратиле кај претседателот Иванов за поддршка и ја добиле од него.
-Речиси не постои човек, не постои група во Македонија која не била допрена на позитивен начин, со позитивни ефекти од политиките што ги направил овој тим… Донесовме и голем број на странски инвестиции Џонсон Контролс, Џонсон Мети, го донесовме и Дрекслер Маер каде повеќе од 100 луѓе од Демир Капија веќе работат таму. Секој странски инвеститор кога ја набљудува климата во една држава носи одлука колку му е нему сигурно во таа држава врз основа на политичката стабилност. Доколку странските инвеститори и домашните исто така, видат дека во една држава има клима на несогласување тие нема да дојдат. Да не беше таа кохезија и таа согласност, дел од инвестициите нема да се случат во Македонија – додаде вицепремиерот Пешевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани



