| четврток, 6 декември 2018 |

Охриѓанка со лажни картички си присвоила милион долари

64-годишната Л.М.Ш. од Охрид со лажна картичка за себе си присвоила милион денари. Таа со намера да се стекне со противправна имотна корист, употребила податоци од вистински платежни картички од странски државјани, кои претходно ги набавила, Во мај минатата година од продажно место во Охрид  преку гласовна авторизација во домашна банка извршила 24 нелегални трансакции од кои 12 успешни, со што нелегално се стекнала со парични средства во вкупен износ од 1.564.150 денари.

Пријавената, која заработи кривична пријава, по претходен договор со лице – британски државјанин, на нејзина е-маил адреса добила нелегално обезбедени податоци од вистински платежни картички на странски државјани, по што преку гласовна авторизација во домашна банка извршила нелегални трансакции на име на британскиот државјанин за наводен закуп на апартмани за престој на групи туристи од Велика Британија.

Од преземените мерки и активности и извршени проверки преку Секторот за меѓународна полициска соработка и Интерпол Германија утврдено е дека пријавената дел од стекнатите парични средства вкупно 11.395 евра ги префрлила преку банкарски трансфер на сметка во Германија, а остатокот од 14.038  евра ги задржала за себе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top