СВР-Битола попладнево потврди дека e завршена обдукцијата и идентификувана е жената чие тело синоќа беше пронајдено во водите на реката Драгор во овој град.
– Станува збор за битолчанката Дијана К. родена 1962 година, која претходно беше пријавена како исчезната. Според извршената обдукција не се пронајдени траги на насилство и смртта најверојатно е предизвикана од давење во водите на реката Драгор. Трупот беше пронајден во речното корито кај месноста викана Црн Мост и извлечен со интервенција на посебна екипа на територијалната противпожарникарска единица – истакна Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола.
Поведена е истрага за утврдување на причините за овој несреќен случај во Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



