| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов: Ветерниците Богданци ќе обезбедат 60.000 граѓани со енерија

ZAR_7718

– Тука во близина, на 50 хектари ќе се протега технолошко-индустриската развоја зона „Гевгелија“. Првата фаза е завршена минатата година. И од Богданци млади луѓе ќе се вработат во оваа зона – посочи претседателскиот кандидат Ѓорге Иванов на денешната средба со жителите на Богданци.

Тој посочи дека е подобрено водоснабдувањето со изградба на резервоар во Богданци, во вредност од околу 300 илјади евра.

– И со посебна гордост ќе ја истакнам инвестицијата за изградба на првиот Ветерен парк во Република Македонија што ЕЛЕМ го гради во Богданци. Се очекува да испорачува најмалку 100 гигават часови обновлива енергија на годишно ниво, што е доволно да се обезбедат 60.000 граѓани. Затоа и во мојата на мојата програма стои дека Македонија ја градиме како земја на иновации и нови технологии. Инвестирање во обновливи извори на енергија и градење култура на енергетска ефикасност – додаде Иванов.

Тој додаде:

-Дека сме вредни луѓе кои живеат од својот труд, но и луѓе кои живеат од својот ум и од се она што е вложено во образованието, во науката, тоа ги дава резултатите. Имаме се повеќе образовни луѓе кои помагаат да дојдат странски инвестици, да се отворат нови фабрики и нови работни места. Само до крајот на оваа година ќе се отворат 10.000 нови работни места. По тоа се мери успешноста во политиката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top