МВР во соработка со американската службата за борба против дрога DEA, пресече меѓународен канал за транспорт на кокаин на релација од Јужна Америка во Македонија. Вчера стигнале оперативни сознанија дека е пристигната поштенска пратка (пакет) во Пошта 2, во Скопје, во која има наркотична дрога кокаин. По издадена Наредба од Истражен судија, извршен е претрес на поштенска пратка од Аргентина, во која беа пронајдени повеќе предмети меѓу кои две пластични туби од креми од по 200 млВ.
Поради постоење на основано сомнение дека истите се исполнети со течен кокаин, тубите се предадени на Одделот за криминалистичка техника при МВР на РМ заради вештачење. Притоа констатирано е дека во тубите течниот кокаин бил спакуван во презервативи, а остатокот од масата во тубите била исполената со крема, така што на тој начин биле минувани царинските контроли бидејќи кога тубите ќе се притиснат излегувала кремата, додека спакуваниот течен кокаин бил на дното. 
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



