| четврток, 6 декември 2018 |

Шумахер си оди домa

шуми

Светскиот шампион во Формула 1, Михаил Шумахер, не напредува по тешкиот инцидент кога на скијање ја повреди главата и падна во кома, во која сѐ уште се наоѓа.

По три месеци лекување во Гренобл, откако лекарите најавија можност тој никогаш да не се разбуди од кома, неговата сопруга Корина донела одлука да го премести дома, во семејната куќа на Женевско Езеро. За да ги има сите услови што се потребни за нега, семејството ќе изгради мала болница со сите потребни технички сретства и за таа цел ќе инвестира 12 милиони евра.

Лекарите и семејството велат дека состојбата е тешка, но дека чудата секогаш се можни во медицината и затоа, кога веќе има пари за тоа, сметаат дека постојаната грижа во семејни услови е фер однос кон него и дава поголема надеж дека чудото, сепак, би се случило.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top