
Победникот на регионалниот „Икс-фактор Адриа“, Даниел Кајмакоски, за српските медиуми ја открил неговата романтична страна.
– Продолжувам да ја барам мојата голема љубов и сакам што побргу да станам татко бидејќи ги сакам децата, а и тие ме сакаат мене – изјавил Кајмакоски.
При гостувањето на радиото „Накси“, Даниел открива што мисли за својата иднина.
– Порано постојано мечтаев да бидам млад татко и децата да ме паметат како таков. Досега не се оженив, но не се оптоварувам со тоа. Мислам дека ништо не треба да се случува со сила. Тоа ќе се случи кога ќе се случи. Продолжувам да ја барам мојата голема љубов и сакам што побргу да станам татко бидејќи ги сакам децата. А, и децата ме сакаат мене – рекол Кајмакоски.
Сите го запознаа Даниел како момче со совршен глас, но малкумина знаат дека тој знае и одлично да танцува.
– Танцувањето го обожувам исто како и пеењето. Знам сè, од ора до модерни танци. На Балканот те гледаат со чудење ако навечер во ресторан или клуб почнеш да танцуваш. Во Виена сите играат, и мажи и жени – посочил Даниел за време на неговото гостување во српското радио „Накси“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


