| четврток, 6 декември 2018 |

Сузбиена криминална група што шверцувала мигранти

jankuloska500Сузбиена и приведена е шестчлена група, која преку организиран меќународен канал подолг временски период вршела шверцување мигранти од соседна Грција преку Македонија кон Србија, информираше миистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.- Организатор на криминланата група е 38-годишно лице од Кавадарци, македонски државјанин кој заедно со 26-годишен државјанин на Пакистан, кои водено бил и барател на азил во Република Македонија, кои со цел стекнување противправна имотна корист и со умисла ја организирале групата кој подолг период се занимавала со шверцување мигранти, почнувајќи од нивно прифаќање во Гевгелија, а потоа и нивно превезување до Скопје, односно Куманово – посочи Јанкулоска.Кривичните дела биле подпомагани и од 39-годишниот полициски службеник Е.Б. вработен во Секторот за гранична контрола во регионалниот центар „Југ“, на граничниот премин „Богородица“, кој обезбедувал безбедно шверцување на мигрантите од Грција во Македонија.

– За потребите на криминалната група тој вршел и извидување на теренот и определување на таканаречени безбедни термини, односно временски период и место, од каде што во координација со останатите членови на криминалната група вршеле прифаќање и превезување на мигрантите во саканиот правец – истакна Јанкулоска.

Останатите членови на криминалната група С.Б. (39), М.Ф. (38) и А.К. (22), сите од Кавадарци, вршеле транспорт на мигрантите, по претходни упатства и насоки давани од организаторот У.В.

Мигрантите најчесто биле по потекло од Сирија, Авганистан, Пакистан, Судан и други земји од Блискиот и Далечниот Исток. Истите веќе престојувале во Грција по основа на лица бегалци или лица баратели на азил.

Лицата, како што нагласи Јанкулоска, биле шверцувани во Македонија со цел нивно натамошно шверцување во Србија.

Завчера, потенцираше Јанкулоска, криминалната група организирала прифаќање на 9 лица кои се сместиле во две возила за понатамошно превезување за цена од 120 до 150 евра по лице.

– Помеѓу деветте идентификувани мигранти од Авганистан, според првичните лични податоци, кои се дадени од страна на лицата, идентификувани се и три деца на возраст од 10, 16 и 17 години. Од членовите на криминалната група со потврда привремено се одземени три патнички моторни возила, телефонски апарати и СИМ картички за кои постојат основи за сомневања дека се предмет на кривично дело – информира Јанкулоска.

Во текот на денот, како што истакна, бил извршен претрес на домови на две локации во Кавадарци, по што до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција е поднесена кривична пријава за шестмината осомничени. Од страна на судија им е изречена мерка притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top