Вчеравечер во 20.30 часот, во кафе-барот „Драма“ на ул. „Македонија“, ЕВН Македонија организираше прво ноќно читање во Република Македонија. Имено, истото беше со цел одбележување на волонтерската акција „Часот на планетата Земја“, но и приклучување на акцијата на „Клуб Матица“ за промоција на читањето насекаде и во секое време, наречена „Читај повеќе“.
Посетителите имаа можност да читаат во темнина, со светилки кои ги осветлуваат само страниците на книгите во нивните раце. Дополнително, на настанот беа присутни и дел од авторите на книгите, кои ги потпишуваа книгите што се делеа на посетителите, како подарок и начин да им се порача на луѓето да читаат повеќе и насекаде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.