| четврток, 6 декември 2018 |

kremlj

Русија во петокот објави дека возвраќа на проширените санкции коишто ги воведоа западните земји поради присоединувањето на Крим, но не наведен ниту едно име на американски или европски функционер кој е опфатен со нив. Рјабков во контекст на тоа изјави дека Москва нема намера да ги имитира западните колеги и нема да ги објави листите, пренесува Интерфакс.

САД и Европската унија воведоа два круга забрани за издавање на визи и замрзнување на имотите за 33 руски функционери, пратеници и советници на претседател Владимир Путин, за да ја казнат Москва за присоединувањето на Крим каде локалното население со огромно мнозинство изгласа на референдум истапување од составот на Украина и всушност по 60 години враќање во составот на Русија.

Русија на почетокот од март воведе санкции за девет американски функционери и конгресмени, и го забрани влезот во земјата за 13 канадски функционери, пратеници и јавни личности,

Рјабков, исто така изјавил дека меѓу Русија и САД и натаму постојат основни разлики во врска со Украина, но дека продолжува и барањето на заеднички став „кој на крајот би можел да им биде понуден на Украинците”, пренесува агенцијата. „Ова е суштината на она што моментално се одигрува во дијалогот меѓу Москва и Вашингтон”, изјавил Рјабков за Интерфакс.

Шефовите на дипломатиите на Русија и САД, Сергеј Лавров и Џон Кери, во недела ќе се сретнат во Париз додека двете страни настојуваат да ги намалат тензиите во најголемиот судир меѓи Западот и Истокот по Студената војна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top