| четврток, 6 декември 2018 |

И ние ќе имаме запад за фалење

Се соз­да­ва­ат ус­ло­ви за ед­на­ков те­ри­то­ри­ја­лен раз­вој и за по­до­бру­ва­ње на стан­дар­дот на гра­ѓа­ни­те од за­пад­ни­от дел на Ма­ке­до­ни­ја. Вла­ди­ни­те на­по­ри за раз­вој на овој ре­ги­он вро­ди­ја со плод. Ки­чев­ци со оп­ти­ми­зам гле­да­ат кон ид­ни­на­та, ко­ја тре­ба да им до­не­се но­ви ра­бот­ни ме­ста, вра­бо­ту­ва­ња, по­мал­ку исе­лу­ва­ња. Спо­ред Аген­ци­ја­та за вра­бо­ту­ва­ње, во Ки­че­во има еви­ден­ти­ра­но 3.581 акти­вен ба­ра­тел на ра­бо­та

Ekonomija81-1

Но­ва фа­бри­ка за про­из­водс­тво на воз­душ­ни пер­ни­чи­ња, ко­ја ќе вра­бо­ти 1.000 лу­ѓе, ќе се гра­ди во Ки­че­во, нај­а­ви пре­ми­е­рот Ни­ко­ла Гру­ев­ски. Гра­деж­ни­те актив­но­сти на но­ви­от авто­пат Ки­че­во – Охрид ве­ќе поч­наа. Си­те актив­но­сти што се пре­зе­ма­ат во Ки­че­во и во ре­ги­о­нот во ид­ни­на ќе до­не­сат при­до­би­вки, не са­мо за гра­дот и не­го­ви­те гра­ѓа­ни, ту­ку и за це­ли­от ре­ги­он би­деј­ќи еден дел од др­жа­ва­ва чиј раз­вој до­се­га бе­ше за­по­ста­вен, се­га има ус­ло­ви за еко­ном­ски про­цут. Се соз­да­ва­ат ус­ло­ви за ед­на­ков те­ри­то­ри­ја­лен раз­вој и за по­до­бру­ва­ње на стан­дар­дот на гра­ѓа­ни­те од за­пад­ни­от дел на Ма­ке­до­ни­ја. Вла­ди­ни­те на­по­ри за раз­вој на овој ре­ги­он вро­ди­ја со плод. Ки­чев­ци со оп­ти­ми­зам гле­да­ат кон ид­ни­на­та, ко­ја тре­ба да им до­не­се но­ви ра­бот­ни ме­ста, вра­бо­ту­ва­ња, по­мал­ку исе­лу­ва­ња. Спо­ред Аген­ци­ја­та за вра­бо­ту­ва­ње, во Ки­че­во има еви­ден­ти­ра­но 3.581 акти­вен ба­ра­тел на ра­бо­та, што зна­чи де­ка но­ва­та фа­бри­ка ќе ап­сор­би­ра до­бар дел од не­вра­бо­те­ни­те. Оста­на­ти­те де­лум­но мо­же да би­дат ан­га­жи­ра­ни во актив­но­сти­те око­лу из­град­ба­та на авто­па­тот или, пак, во два­та но­ви руд­ни­ка, „Сто­го­во“ и „Тај­ми­ште“. Но­ви­те вра­бо­ту­ва­ња ќе до­не­сат по­до­бар стан­дард и жи­вот на гра­ѓа­ни­те на овој град, кој до­се­га ре­чи­си си­те са­мо го од­ми­ну­ваа, по­пат­но ста­ну­вај­ќи свес­ни за не­го­во­то по­сто­е­ње, на пат кон Охрид и обрат­но.

– За ки­чев­ци гра­де­ње­то на авто­па­тот Ки­че­во – Охрид е при­до­нес за гра­дот, но и за це­ли­от ре­ги­он. Прв­пат Ки­че­во ќе се отво­ри кон Охрид, но и по­ши­ро­ко, би­деј­ќи авто­па­тот ќе зна­чи бр­зо па­ту­ва­ње и стиг­ну­ва­ње до се­ко­ја де­сти­на­ци­ја во ре­кор­ден рок. Тоа ќе зна­чи и приб­ли­жу­ва­ње на гра­дот до при­ста­ни­ште­то во Драч, што ќе зна­чи по­брз транс­порт на сто­ки, што, пак, ќе прив­ле­че за­ин­те­ре­си­ра­ни ин­ве­сти­то­ри во овој дел, кои до­се­га мо­же­би се дво­у­меа да дој­дат по­ра­ди ло­ша­та ин­фра­стру­кту­ра. Авто­па­тот ќе зна­чи раз­вој на ту­риз­мот во Охрид, но и по­го­ле­ма фре­квен­ци­ја на лу­ѓе низ Ки­че­во, кои мо­же­би ќе го по­се­тат и гра­дот – ве­ли Ѓор­ѓи­ја Сај­ков­ски, за­ме­ник-ми­ни­стер за ло­кал­на са­мо­у­пра­ва.

Спо­ред не­го, нај­го­ле­мо за­жи­ву­ва­ње на гра­дот ќе се слу­чи со до­а­ѓа­ње­то на ин­ве­сти­то­рот што ќе отво­ри фа­бри­ка во гра­дот.

– Фа­бри­ка­та ќе зна­чи го­лем пот­тик за на­ма­лу­ва­ње на не­вра­бо­те­но­ста, ко­ја во мо­мен­тов е ви­со­ка. Со вра­бо­ту­ва­ње 1.000 лу­ѓе ќе се обез­бе­ди ег­зи­стен­ци­ја на 1.000 се­мејс­тва. Тоа ќе зна­чи тол­ку пла­ти, кои ќе се тро­шат ло­кал­но, што, пак, ќе ја за­жи­вее и тр­го­ви­ја­та во гра­дот, но и зем­јо­делс­тво­то, кое ќе мо­же да си ги пла­си­ра про­из­во­ди­те на до­ма­шен те­рен – до­да­ва Сај­ков­ски.

Ekonomija81-2

Освен тоа, до­да­ва Сај­ков­ски, но­ва­та ин­ве­сти­ци­ја ќе ги за­жи­вее и оста­на­ти­те фир­ми, кои мо­жат да ста­нат на­ба­ву­ва­чи на су­ро­ви­ни за ра­бо­та на фа­бри­ка­та што ќе се отво­ри.

За не­го до­пол­ни­те­лен пот­тик за еко­ном­ски раз­вој на Ки­че­во да­ва­ат и отво­ра­ње­то на руд­ни­кот „Сто­го­во“ и пла­те­на­та кон­це­си­ја за „Тај­ми­ште“, што зна­чи де­ка си­те не­вра­бо­те­ни ќе си го нај­дат сво­е­то ра­бот­но ме­сто.

– Сѐ на сѐ, по­зи­тив­ни разд­ви­жу­ва­ња кои, ко­неч­но, ќе ги кре­нат на но­зе еко­но­ми­ја­та на ре­ги­о­нот и стан­дар­дот на ки­чев­ци. А, се­то тоа е зас­лу­га на за­ла­га­ња на оваа вла­да, ко­ја ра­бо­ти во ин­те­рес на гра­ѓа­ни­те – ве­ли Сај­ков­ски.

За­се­га не­ма де­та­ли за фа­бри­ка­та што ќе се отво­ри во Ки­че­во, но, спо­ред нај­а­ви­те да­де­ни од пре­ми­е­рот Ни­ко­ла Гру­ев­ски, ста­ну­ва збор за ка­па­ци­тет за про­из­водс­тво на воз­душ­ни пер­ни­чи­ња.

– Ста­ну­ва збор за ком­па­ни­ја на ко­ја сѐ уште не сме­ам да ѝ го откри­јам име­то. Таа са­ма­та тре­ба да об­ја­ви де­ка ќе ин­ве­сти­ра во Ки­че­во, а ќе про­из­ве­ду­ва воз­душ­ни пер­ни­чи­ња – ре­че Гру­ев­ски.

За авто­па­тот Ки­че­во – Охрид, пак, се зна­ат де­та­ли­те.

– Се ра­бо­ти за ин­ве­сти­ци­ја те­шка 375 ми­ли­о­ни евра, ко­ја ќе зна­чи де­ка Ки­че­во и Охрид ќе се по­вр­зат со авто­пат во дол­жи­на од 57 ки­ло­ме­три, кој тре­ба да го олес­ни и за­бр­за транс­пор­тот на пат­ни­ци и сто­ка и да при­до­не­се за еко­ном­ски и за ту­ри­стич­ки раз­вој. Ова е нај­ви­со­ка­та ин­фра­стру­ктур­на ин­ве­сти­ци­ја во пос­лед­ни­те 50 го­ди­ни во Ма­ке­до­ни­ја – истак­на пре­ми­е­рот Гру­ев­ски при по­ста­ву­ва­ње­то на ка­мен-те­мел­ни­кот на авто­па­тот.

Из­гра­де­ни­те авто­па­ти­шта во зем­ја­ва во из­ми­на­ти­те 50 го­ди­ни чи­нат по­мал­ку од ин­ве­сти­ци­ја­та во авто­па­тот Ки­че­во – Охрид.

– Тоа нај­до­бро збо­ру­ва за вред­но­ста на овој про­ект. Тол­ка­ва ин­ве­сти­ци­ја не е вло­же­на од ни­ко­го, ни­ко­гаш и во ни­ту еден авто­пат во РМ – на­ве­де Гру­ев­ски по­со­чу­вај­ќи де­ка средс­тва­та се обез­бе­де­ни со осо­бе­но по­во­лен кре­дит од ки­не­ска­та Ексим бан­ка.

Ekonomija81-3

Спо­ред про­е­ктот, но­ви­от авто­пат поч­ну­ва од Ки­че­во, па пре­ку Под­вис, Пре­се­ка и Пе­со­ча­ни стиг­ну­ва до Тре­бе­ни­шта. От­ту­ка пре­ку Под­мол­је се по­вр­зу­ва со Охрид. Ќе има две лен­ти со вкуп­на ши­ри­на од 25,2 ме­три, а на тра­са­та ќе има и 6 над­воз­ни­ци и 13 под­воз­ни­ци, ка­ко и ту­нел „Пре­се­ка“ со две це­вки. Ќе го гра­ди ки­не­ска­та ком­па­ни­ја „Сај­но­хи­дро кор­по­рејшн ли­ми­тед“. Гра­деж­ни­те ра­бо­ти ќе поч­нат исто­вре­ме­но на три ло­ка­ции за да за­вр­шат за че­ти­ри го­ди­ни. Во актив­но­сти­те ќе би­дат вклу­че­ни и по­ве­ќе гра­деж­ни и дру­ги ком­па­нии од зем­ја­ва. Во сог­лас­ност со до­го­во­рот, 51 про­цент од лу­ѓе­то што ќе ра­бо­тат ќе би­дат од Ма­ке­до­ни­ја, од оп­шти­ни­те кои гра­ви­ти­ра­ат око­лу авто­па­тот.

Најз­на­чај­на­та при­до­би­вка од но­ви­от авто­пат, спо­ред пре­ми­е­рот, ќе би­де мож­но­ста за по­ед­но­ста­ве­на, по­бр­за и по­без­бед­на ко­му­ни­ка­ци­ја ме­ѓу на­се­ле­ни­те ме­ста од ки­чев­ски­от и од охрид­ско-стру­шки­от ре­ги­он.

– Се­ка­ко, не по­мал­ку зна­чај­на е и ко­му­ни­ка­ци­ја­та на за­пад­ни­от ре­ги­он на зем­ја­ва со глав­ни­от град Скоп­је и со оста­на­ти­от дел од Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Ме­ѓу мно­гу­број­ни­те при­до­би­вки од из­град­ба­та на овој авто­пат ќе би­де и еко­ном­ско­то разд­ви­жу­ва­ње за вре­ме на из­град­ба­та на авто­па­тот и по не­го­ва­та из­град­ба. Оче­ку­вам уште од са­ми­от по­че­ток на гра­деж­ни­те актив­но­сти да се отво­ра­ат мно­гу но­ви ра­бот­ни ме­ста во гра­деж­ни­те ком­па­нии кои се из­ве­ду­ва­чи и по­диз­ве­ду­ва­чи на про­е­ктот, но и во мно­гу дру­ги ком­па­нии чи­ја деј­ност е тес­но­по­вр­за­на со гра­деж­ниш­тво­то – ре­че Гру­ев­ски и до­да­де де­ка авто­па­тот ќе би­де од огром­на ко­рист и за ТИРЗ во Ки­че­во, Те­то­во и во Стру­га, за ту­риз­мот, ка­ко и за по­до­бру­ва­ње на без­бед­но­ста на со­о­бра­ќа­јот.

Ми­ни­сте­рот за транс­порт и вр­ски, Ми­ле Ја­на­ки­е­ски, наг­ла­си де­ка по но­ва­та авто­пат­ска дел­ни­ца ќе се во­зи со бр­зи­на од 120 ки­ло­ме­три на час на­ме­сто со 60 ки­ло­ме­три на час ка­ко се­га.

– Оваа авто­пат­ска дел­ни­ца е по­ве­ќе од зна­чај­на со ог­лед на фа­ктот де­ка бе­ше по­треб­но и дол­го вре­ме за го­лем број гра­ѓа­ни и ту­ри­сти да стиг­нат до на­ше­то нај­по­се­ту­ва­но ту­ри­стич­ко ме­сто Охрид – на­ве­де Ја­на­ки­е­ски.

Во на­ред­ни­те че­ти­ри го­ди­ни, ка­ко што ре­че, со из­град­ба­та на авто­пат­ски­те дел­ни­ци од Ми­ла­ди­нов­ци до Штип и од Ки­че­во до Охрид, ка­ко и авто­пат­ска­та дел­ни­ца Де­мир Ка­пи­ја-Смо­кви­ца, на ко­ја гра­деж­ни­те ра­бо­ти се ре­а­ли­зи­ра­ат во полн ек, Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја ќе би­де по­бо­га­та со но­ви 132 ки­ло­ме­три авто­пат­ска мре­жа.

До­пол­ни­тел­но, ова го­ди­на­ва се оче­ку­ва да би­де рас­пи­шан по­вик за кон­це­си­о­нер на авто­пат­ски­те дел­ни­ци Го­сти­вар – Ки­че­во и Скоп­је – Бла­це.

Спо­ред со­ци­о­ло­зи­те, по­зи­тив­ни­те еко­ном­ски разд­ви­жу­ва­ња во за­пад­ни­от дел на зем­ја­ва ќе соз­да­дат кли­ма на за­до­волс­тво и ис­пол­не­тост кај гра­ѓа­ни­те.

– Ин­ве­сти­ци­и­те ќе до­не­сат но­ви вра­бо­ту­ва­ња, кои ќе зна­чат по­до­бар жи­вот. Лу­ѓе­то ќе мо­жат да си доз­во­лат ра­бо­ти кои до­се­га не мо­же­ле да си ги доз­во­лат, па ќе би­дат по­среќ­ни. Освен тоа, раз­во­јот на овој ре­ги­он не са­мо што ќе до­не­се при­до­би­вка за се­ко­го по­е­ди­неч­но ту­ку и по­ши­ро­ко ќе го раз­вие чув­ство­то на при­пад­ност би­деј­ќи, ве­ро­јат­но, гра­ѓа­ни­те от­та­му до­се­га се чув­ству­ваа за­по­ста­ве­но. Се­га тие ќе ви­дат де­ка др­жа­ва­та се гри­жи и за нив­но­то до­бро, што ќе зна­чи по­го­ле­ма до­вер­ба во вла­ста и во ин­сти­ту­ци­и­те – сме­та­ат со­ци­о­ло­зи­те.

(Пишува: Александрија Стевковска
Текст објавен во 81. број на неделникот „Република“, 21.03.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top