| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов: До крајот на годината ќе има уште 10.000 нови работни места за македонските граѓани

ivanov kriva palanka4

-Од самиот почеток на мандатот се водев од принципот на отвореност кон сите во надворешната политика. Отвореност во економијата, отвореност во односите со соседите и отвореност за меѓународните транспортни коридори. Видовте се што постигнавме. Бевте сведоци кога ја донесовме визната либерализција. Кога заедно со бугарскиот претседател ја кренавме рампата меѓу двете земји.  Работиме за отворена  пазарна економија, Македонија станува привлечна за странските инвестиции. Досега има околу 2 милијарди евра странски инвестиции во нашата држава. Созадени се нови работни места за македонските граѓани – 120.000 работни места, а до до крајот на годината ќе има уште 10.000 нови работни места за македонските граѓани – изјави Ѓорге Иванов кандидатот за втор претседатели мандат на државата кој денеска својата програма ја претстави пред пред граѓаните на Крива Паланка.

иванов kriva palanka

Тој нагалси дека сега пред овие граѓани излегува со нова  развојна програма и дека неговата цел е економски силна и развиена Македонија.

-Секаде каде што одам, со мене доаѓаат стопанственици, организираме бизнис-форуми ја промовира,ме Макеоднија како дестинација за инвестирање. Ќе продолжам да ги отворам вратите за македонските стопанственици во странство и за нови странски инвестиции во Македонија. Тоа ќе значи нови работни места за македонските граѓани. Но, ќе ја развивам и претприемачката култура кај младите. Освен  стопанственици, доколку ја добијам довербата, сите овие млади, се уште непознати претприемачи, ќе бидат дел од мојата делегација каде и да одам.  Тоа е мојот нов проект „Заедно во светот“. Проект од мојата програма. За заедно да градиме успех, за заедно да отвораме нови работни места – истакна Иванов.

ivanov kriva palanka3

Како добар сосед, отворен за соработка, Македонија, како што нагласи Иванов, може уште повеќе да ги развива пограничните региони и општини.

-Цел мандат се залагам за унапредување на прекуграничната соработка. Се залагам за искористување на европските фондовикоишто се однесуваат на прекуграничната соработка, туризмот, културата, енергетиката, заштитата на животната средина. Крива Паланка е мост на поврзување на Македонија со два соседа. Благодарение на вашата општина, Република Македонија, Република Бугарија и Република Србија можат заедно да аплицираат за многу проекти кои ќе бидат за доброто на граѓаните на Крива Паланка. Секој проект значи можност за нови работни места, им порача Иванов на кривопаланчани.

ivanov kriva palanka2

Иванов нагласи дека Крива Паланка може да прерасне во туристичка дестинација.

–  Имате сè што е потребно за планински, еко, етно, спортски и културен туризам. Тука е Осоговскиот манастир, кој веќе станува позната дестинација за туристи како  од Македонија, така  и од странство. Сум бил сведок на многу автобуси со странски туристи што го посетуваат овој манастир. Државата инвестира во меѓународната ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски“ и во истоимениот меѓународен фолклорен фестивал. Тука се Градец, Трново, Станци, Дренак, Дурачка Река, кои се атрактивни туристички места. Знам дека работите на развој на спортскиот, планински туризам. Овој потенцијал може да се искористи за создавање нови работни места, истакна Иванов.

ivanov kriva palanka1

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top