
– Трите принципи кои ме водат во животот се да бидам чесен, искрен и вреден. По пет години доаѓам да ви кажам дека сум истиот и затоа имам чист образ повторно да ја побарам вашата доверба за следните пет години со нова програма – изјави Ѓорге Иванов, претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ кој денеска беше во посета на Ранковце.

Тој потенцираше дека зад него стојат политичари со програми кои даваат отчет за тоа што го сработиле, и што може да го види секој. Иванов во Ранковце говореше и за новите работи места кои се отворија во Македонија и тоа во време на економска криза.
– По тоа се цени денес полтиката. Поолитика не се вреднува по убави говори и празни ветувања. Туку по тоа колку нови работни места се отвораат. За тие нови работни места многу придонесоа технолошко-индустриските развојни зони. Проектирана е развојната зона „Ранковце“. Изведбата на првата фаза е во тек и се очекува да заврши следниот месец. Во оваа зона предвидена е изградба на 18 градежни парцели организирани во два блока, а за изградбата на внатрешната патна, водоводна, канализациска и телекомуникациска инфраструктура, Владата ќе инвестира околу 12 милиони евра – рече Иванов пред насобраните жители на Ранковце.

Кандидатот за претседател говореше и за проектот патна делница Куманово граница со Р. Бугарија, делница Ранковце – Крива Паланка, во вредност од околу 66 милиони евра за кој веќе е поднесена апликација до Светската банка ќе се реализира во период од 2015 до 2018 година.
– Она што особено ме радува, каде и да одам, една од главните барања е да се отвораат градинки. Тоа е одличен показател за иднината на Македонија. Затоа посебно ме радува отворањето на детската градинка „Детелинка“, со капацитет за 26 деца. Тие деца утре ќе имаат потреба од спортска сала и фудбалско игралиште, што веќе ги имаме. Секаде каде што одам, пензионерите ми кажуваат за зголемените пензии. Во овие години работевме тимски, сложно и единствено, секаде за да ја промовираме Македонија и привлекуваме странски инвестиции, Обезбедував политички поддршка и пријатели кои ќе ги поддржаат проектите на Владата на чело со премиерот Груевски – нагласи Иванов.
Во однос на прашањето за името, тој уште еднаш го нагласи својот јасен став.
– Имам јасен став, за кој знам дека имам поддршка од граѓаните. Ниту прифатив ниту ќе прифатам промена на Уставот со цел промена на уставното име. Нема да прифатам идеи или предлози што би ги загрозиле македонскиот национален идентитет, посебноста на македонската нација, македонскиот јазик и македонскиот модел на соживот. Македонските граѓани сами ќе одлучуваат за своите клучни национални прашања. Јас сум претседател кој го слуша својот народ и секаде каде шти одам сум глас на мојот народ и вашите потреби и барања. Македонците се отворени луѓе, добри соседи, гостопримливи кон добронамерниците. Тие принципи се и мои принципи во надоврешната политика, во градењето на добрососедските односи – потенцираше Иванов при неговата посета во Ранковце.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево


