| четврток, 6 декември 2018 |

Еднократната парична помош за 40 семејства со принова од Кисела Вода

belicanec

Нови 40 семејства со принова од Кисела Вода денеска добија ваучери во вредност од 6.000 денари од Општината. Еднократната парична е влезена во редовната програма на општината, како поттик за проширување на семејствата.

– Општина Кисела Вода со досега доделените 426 ваучери прави чекор напред во  надминувањето на глобалниот проблем, падот на наталитетот – информира општина Кисела Вода.

Критериумите што треба да бидат исполнети за добивање еднократната парична помош се и двата родитела да се со живеалиште на територијата на општина Кисела Вода и заедно со барањето да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација (една во случај на самохран родител), Извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциска сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена од моментот на раѓање на детето.

Еднократната парична помош се доделува деветти пат. Овој проект од Програмата од социјалната сфера на општина Кисела Вода ќе се спроведува се до истекот на четиригодишниот мандат на градоначалничката Билјана Беличанец-Алексиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top